Издавај фактури, испраќај е-Фактури до УЈП, следи плати, залихи и документи — и гледај ја состојбата на фирмата во секој момент. Твојот сметководител работи во истиот систем, во исто време.
Работи и на телефон и на таблет — без инсталација.
Без Excel по папки, без фајлови по вибер. Секој документ седи таму каде што му е местото, и е видлив и за тебе и за сметководителот.
Издај фактура за минута и испрати ја до УЈП потпишана со твојот токен. Статусот и официјалниот ПДФ се враќаат назад во листата.
Двојно книговодство по македонски стандард: групи на сметки, аналитички картици и бруто биланс што секогаш се сложува.
Пресметката на ДДВ се полни од книжењата. Извештаите се спремни за печатење и за ПДФ, со точните полиња на образецот.
Пресметка од бруто или од нето, придонеси по важечките параметри, минат труд и делумни месеци, платни листови во ПДФ и МПИН XML.
Влез, излез и состојба по магацин, со аналитичка картица за секој артикл и извештај за вредноста на залихата.
Банкарски изводи, 743 обрасци и документите на фирмата — качени, средени и достапни во секое време, од секаде.
Издаваш фактури, качуваш изводи и документи. Толку.
Сметководителот работи во истиот систем — ништо не се препраќа напред-назад.
Состојба, побарувања, плати и извештаи — од компјутер или од телефон.
Фактурата се потпишува со твојот токен, на твојот компјутер. Приватниот клуч никогаш не го напушта токенот — на серверот оди само веќе потпишаната фактура.
Внеси бруто или нето — другото се пресметува само, по важечките параметри за придонеси и данок. Минатиот труд, делумните месеци и деновите стаж се земени предвид.
Пристапот го отвораме ние. Јави се или пиши ни, и ќе ти ја подготвиме фирмата во порталот.
Веќе си клиент? Најави се тука.